Кандрева сака преселба во редовите на ПСЖ

Репрезентативецот на Италија и стандарден првотимец во дресот на римскиот калчолигаш Лацио, Антонио Кандрева призна дека е многу среќен поради информацијата дека за неговите услуги интерес и тоа голем имаат покажано раководните лица на најбогатиот клуб во француската Прва лига, тимот на ПСЖ.

“Искрено, Париз е одлична опција за мене, идеална дестинација. Убаво се чуствувам, ми годи тоа што интерес за моите услуги има покажано еден од најголемите клубови во Европа. Среќен сум поради интересот на ПСЖ, но да почекаме уште неколку дена, да видиме како ќе заврШат преговорите со раководните лица на францускиот клуб”, изјави одличниот играч за врска.

Претседателот на италијанскиот калчолигаш Лацио, Клаудио Лотито пред неколку дена изјави дека Кандрева ќе добие дозвола за промена на клупската средина доколку заинтересираниот клуб испрати официјална понуда не помала од 30 мил. евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.