сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Кание го отпуштил телохранителот затоа што флертувал со Ким

Кание Вест без размислување го отпуштил неговиот телохранител Стив Станулис затоа што се посомневал дека тој флертува со неговата сопруга Ким.

kanie-kim

Последни вести

Кание Вест без размислување го отпуштил неговиот телохранител Стив Станулис затоа што се посомневал дека флертувал со неговата сопруга Ким.

Раперот е познат по тоа што е мошне самобендисан и очигледно страда и од огромна љубомора затоа што веднаш кога го видел телохранителот дека разговара со Ким, веднаш го отпуштил.

Стив донел пакет за Ким од рецепција и тоа го искористил за да поразговара со неа пред нејзината хотелска соба во Њујорк. Како што пишува „Њујорк Дејли Њуз“, сведокот што бил присутен за време на инцидентот бил во целост изненаден од реакцијата на Кание.

Нешто се случи во хотелот а Кание во целост го загуби разумот.

Неколку часа по инцидентот, Стив добил отказ затоа што Кание верувал дека тој флертувал со неговата сопруга. Сепак телохранителот веднаш ги негирал овие трачеви.

Јас сум оженет човек со три деца и немам коментар.

Најчитани вести