Кање Вест се пријави на „Американски идол“

Џенифер Лопез (46) не можеше да дојде при себе кога на аудицијата на шоуто за откривање таленти „Американски идол“, во кое е членка на жири комисијата, го здогледа кандидатот Кање Вест (38).

Американскиот рапер ја изведе хит „Gold Digger“ од 2005 година и успеа да се пласира во следниот круг.

Кање веќе има седум студиски албуми и цела војска на обожаватели, па другите натпреварувачи на „Американски идол“ се лутат, затоа што музичарот со своето учество ја намалува можноста да се пробијат на американската сцена.