понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 33

Кантонизацијата на Заев значи расцепување на Македонија

Кантонизација на Македонија би значело 5,6 кантони кои со тек на време еден по еден на легален начин со одлука на нивните локални кантонски влади ќе се отцепуваат. Тоа е последниот чекор пред растурање на една држава без војна, посочи лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред велешани

zaevv-520x353

Поврзани вести

Тезите за кантонизација и излегувањето од рамките на Охридскиот договор изнесени од страна на лидерот на опозициската СДСМ пред дијаспората во Швајцарија, во моментната состојба во која се наоѓа Македонија се многу опасни и можат да доведат до расцепување на државата, сметаат аналитичарите.

Според Александар Пандов, спроведувањето на двојазичноста и кантонирање на Македонија по теркот на Швајцарија би значело дефинитивна поделба на државата.

Ништо поопасно во овој политички момент не може на Македонија да и се случи од овие антидржавни изјави на лидерот опозицијата. Ако ние говориме дека Македонија сега во моментот се наоѓа во две ипол  годишна политичка криза предизвика од уцените и пуштањето на нелегално стекнатите аудио разговори, а дополнително ни се случија разно разни протести и подривање и уривање на најзначајните институции во државата, а да потсетиме дека не беа признаени ниту парламентот ниту претседателот на државата, нити пак Уставниот и Врховниот суд, со еден збор беше направен обид да се оцрни секоја важна институција и да се подрие нивното функционирање. Сега како капак на сето тоа Зоран Заев нуди не само двојазичност на цела територија на Р.Македонија, за што претпоставувам дека на секој Македонец му е јасно колку опасна теза е тоа, туку нуди и едно швајцарско решение на кантонизација, кое да потенцирам дека го нудат и нивната изборна програма како модел на функционирање во Македонија, а тоа според мене би значело дефинитивна поделба на државата во административна и политичка смисла и конечно расцепување на целата држава, смета политичкиот аналитичар Пандов.

Тезите за проширување на Рамковниот и кантонизирање на Македонија по теркот на Швајцарија, неодамна на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ ги коментираше и универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, кој посочува дека Охридскиот договор повеќе не постои односно дека е преточен во Уставот на Република Македонија и дека нема што да се проширува. Според него бесмислено е било какво споредување помеѓу Македонија и Швајцарија, бидејќи Италијаните, Французите и Германците, кои живеат во Швајцарија, своето право на државотворност одамна го оствариле во своите матични држави Италија, Франција и Германија, па затоа можат да воспостават такви односи какви што воспоставиле во Швајцарија, наведува Цуцуловски во својот статус.

Идејата за Македонија како Швајцарија на Балканите тесно е поврзана со залагањата на Иван/Ванчо Михајлов, идеја против која се бореле, и се борат сите искрени македонски интелектуалци и партии, вклучувајќи го и СДСМ, наведува Цуцуловски во статус на својот профил на Фејсбук, посочувајќи дека според него, ова е причина повеќе СДСМ да се огради од Заев и неговите ставови.

Дека ваквите ветувања на Заев за двојазичност, кантонизација и федерализација ќе доведат до проблеми и расцепување на државата, предупредува и лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од митинзите кои партијата ги одржува во предизборната кампања.

Веќе неколку пати ги повторувам работите со кантонизацијата, двојазичноста, федерализацијата. Го повторувам ова заради една причина- да не ни се случи грешка. Ако се направи грешка, таа ќе биде кобна, нема враќање назад, кога нешто ќе се направи од ваков карактер, ќе се згреши и ќе се отиде во еден правец, нема поправање, нема каење. Ви кажуваме многу отворено, многу јасно, што и следи на Македонија од сценаристите кои го најмиле Заев да го спроведе нивното сценарио. Можеби некои од вас се разочарани од некои наши слабости, грешки, пропусти и ние сме живи луѓе и ние грешиме, но стратешки грепки немаме. Ќе се трудиме да ги поправиме, дабидеме подобри, да бидеме уште поуспешни, да имаме помалку грешки, помалку слабости, но ова е крупна работа, ова не е работа за некоја мала грешка, па ајде ќе гласам за ова па што сака нека биде. Се работи за Македонија, внимавајте, се работи за иднината на нашата заедничка татковина, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во четвртата изборна единица од митингот во Штип.

Кантонизацијата, како што посочува Груевски, е последниот чекор пред растурање на една држава без војна.

Покрај двојазичност на цела територија Зоран Заев очигледно ветувал и кантонизација на Р. Македонија. Кантонизација во Швајцарија е една работа, а сосема друга работа е на Балканот. Кантонизација на Македонија би значело 5,6 кантони кои со тек на време еден по една на легален начин со одлука на нивните локални кантонски влади ќе се отцепуваат. Тоа е последниот чекор пред растурање на една држава без војна. Такво нешто не ни треба. Мораме да застанеме на патот на оваа .луда идеја на Зоран Заев. Мораме да застанеме затоа што тоа ќе има сериозни последици од големи размери. Дали ќе биде за три или пет години, проблемите ќе дојдат пред нашата врата, рече Груевски на митингот во Велес.

Од Струмица, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ порача дека кризата која ја создаде СДСМ се движи кон крајот и тој ќе биде конечен само ако победата на неговата партија е убедлива и со 63 пратеници.

Две ипол години политичка криза која ја создадоа вештачки заради некои фантоми кои испадна дека воопшто не ни постојат, 2 ипол години обиди за закрвување на народот и поделби, конфликтност која се пренесуваше секаде низ државата, 2 ипол години деструкција и хаос ќе завршат со овие избори на 11 декември. Кризата полека се движи кон својот крај, но нејзиниот крај ќе биде конечен само ако победата е убедлива и со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“. Така ќе се запре кризата и ќе се стави крај на планот за мрачни сценарија по однос на нашата држава, рече Груевски.

Тој ги повика граѓаните во овие пет дена што остануваат до 11 декември  да останат со студени глави и да одлучат за судбината на Македонија.

Со изборите на 11-ти декември ќе им покажеме не само на скептиците во државава и оние кои работат на ова сценарио тука, во Македонија, туку ќе видат и соседите, но и народите пошироко дека овде живее горд и достоинствен народ, кој и со оваа генерација ќе го победи сето она што се прави против Македонија. Судбината на Македонија е во твои раце. Ова е историски момент во кој се носи многу важна одлука. Одлука која навидум некому можеби и ќе му се чини не баш едноставна, но во суштина е многу едноставна. Свесен сум дека и ти знаеш што е исправно, слушај си го срцето, знаеш и што и’ се случува на Македонија. Но исто сум свесен и дека разни креирани сценарија нема да можат да ти го поматат фокусот од големата слика“, порачаа од „Коалицијата за подобра Македонија, пред струмичани.

Најчитани вести