Капацитетите во Берово и Малешевијата и исполнети за првомјскиот викенд

Угостителско-туристичките капацитети во Берово и Малешевијата за продолжениот првомајски викенд се полни со домашни и гости од странство.

Масовно се посетени излетничките места покрај Беровско Езеро, Абланица, Клепало, Кукута, Бела вода, Суви лаки и покрај Брегалница и падините на Малешевските планини.

Пехчевци и нивните гости од рано претпладне се во комерцијалните угостителски објекти во Спортско-рекреативниот и туристички центар Равна река.

Во општина Делчево празникот најмасовно се прославува на планината  Голак, во Синдикалното одморалиште, одморалиштата на неколку производствени фирми и во приватните викендички.

Во рударска Македонска Каменица најпосетени се излетничките места покрај браната Калиманци, Манастирскиот комплекс „Покров на пресвета Богородица„ кај село Цера, падините на Руен над селата Луковица, Саса, Моштица и Косевица.