Капело доби нова шанса од Русија

И покрај неочекуваната елиминација во групната фаза, трофејниот италијански стручњак, Фабио Капело нема да доби отказ и ќе биде предводник на фудбалската репрезентација на Русија и во квалификацискиот циклус за ЕП 2016.

„Можам да го потврдам сето она што и претходно го говоревме за Фабио Капело. Тој е висококвалификуван стручњак кој направи многу големи работи за фудбалот во нашата земја. Секако дека сакаме да ја продолжиме соработката, не гледаме потреба зошто би ангажирале друг стратег за селектор на националниот тим“, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Русија, Николај Толстај.