Спорт

Капело ќе биде главен во Русија до 2018 година

Капело ќе биде главен во Русија до 2018 година

Трофејниот италијански стручњак, Фабио Капело потврди дека веќе го потпишал новиот понуден договор и дека ќе биде селектор на фудбалската репрезентација на Русија до завршувањето на Мундијалот во 2018 година.

“Прво сакам да му се заблагодарам на претседателот на Фудбалската федерација на Русија и на министерот за спорт Витали Мутко. Среќен сум што имаа доверба во моите квалитети, што се задоволни од мојата работа. Среќен сум што ја продолжив соработката со репрезентацијата на Русија. Имаме големи планови и ќе направиме се што е во наша моќ за да ги исполниме, да ги израдуваме сите фанови на Русија”, изјави Капело кој според новиот договор ќе има годишна плата од девет милиони евра.