Капело: Мурињо претерува со барањата, ги “изгоре” фудбалерите на Челзи

Капело "распали" по Мурињо - непотребно ги трошиш фудбалерите

Тој смета дека сепак Жозе Мурињо е виновен за новонастанатата ситуација, затоа што ги ’изгорел’ играчите со својот ритам и со барањата што ги поставува за дел од нив.

Мурињо? Тој има многу добра стратегија. Во овој период кога е ’под оган’ тој побара луѓето да се поделат дали се за него или против него. Мое мислење е дека Мурињо е одличен тренер, но исто така мислам и дека во овој случај тој за само една и пол година ги ’изгоре’ играчите на Челси. Тие психички не се подготвени да одговорат на неговите барања. Португалецот отсекогаш играл психолошки игри, но мислам дека овојпат најмногу страдаа неговите фудбалери. Ивановиќ не може да се препознае, а мислам дека и повредата на Тибо Куртоа влијаеше за лошите резултати, анализира Капело.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.