Македонија

Капиштец ќе добие ново училиште

Капиштец ќе добие ново училиште

Општина Центар ќе гради ново основсно училиште во населбата Капиштец. Веќе е испратен допис до Владата и се бара мислење и согласност за планот.

СЕ предвудува училиштето да има капацитет до 500-тини ученици, распределени во 18 паралелки од прво до деветто одделение.

Идејното решение на новото училиште беше избрано на конкурс распишан во 2014-та година, а основниот проект, во сите фази, е избран на тендер во август, истата година.

Изградбата делумно ќе биде покриена од буџетот на општина Центар, а дел од донации и кредити.

Средствата за основање и почеток со работа на новото основно училиште ќе се обезбедат од буџетот на општина Центар и буџетот на Република Македонија (преку блок дотации).

Минатата недела, Советот на општина Центар, на предлог на градоначалникот Жерновски, едногласно го раскина договорот за кредит за изградба на катна гаража кај поранешната НИП Нова Македонија. Средствата наменети за катна гаража ќе бидат пренасочени за изградба на новото училиште и довршување на изградбата на новата градинка Кочо Рацин.

s1 s4