четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 9

„Капитал банка“ АД Скопје доби одобрение за издавање на првата корпоративна обврзница

Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива

kapital b anka

Последни вести

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на својата 119-та седница на „Капитал банка“ АД Скопје ѝ даде одобрение да издаде корпоративна обврзница за познати купувачи.

Станува збор за прва емисија на 1.000 обврзници со поединечна номинална вредност од 1.000 евра и со вкупна вредност од 1.000.000 евра.

Обврзницата што се издава е долгорочна со каматен принос (купонска), во нематеријализиран облик, неконвертибилна, гласи на име и е неограничено пренослива.

Емисијата на обврзници на „Капитал банка“ АД Скопје се врши поради зголемување на капиталот и сопствените средства на друштвото, подобрување на профитабилноста, проширување на портфолиото на услуги кои се нудат, како и за инвестиции во ИТ решенија за изградба на дигитални платформи за онлајн услуги на банката.

Купувачи на обврзниците од првата емисија се: „Алфа банка ЕАД“ од Софија, која ќе откупи 90 отсто од понудените обврзници, како и двата инвестициски фонда КБ „Публикум“ балансиран и КБ „Публикум“ обврзници од Скопје со по 5 проценти.

Најчитани вести