Капиталниот проект на Македонската филхармонија е целосно завршен, во недела првиот концерт (ГАЛЕРИЈА)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го посети во саботата, ден официјалното предавање во употреба, целосно завршениот објект на Македонската филхармонија кој е еден од најкапиталните проекти за Македонија и за главниот град Скопје, како и за самите музичари и публиката.

Проектот е во вредност од 37 милиони евра и објекот е опремен со најсовремена акустика, звучна изолација, како и капацитет од илјада седишта, а Македонската филхармонија, која е најстара институција од областа на музичко-сценската дејност во Република Македонија, новиот објект го добива по 73 години од постоењето. Новиот објект на Македонската филхармонија со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики според сите светски стандарди.

„Можат да кажам дека бев импресиониран од она што го видов но и од она што го чув од самите музичари, светски познатиот деригент кој што е дојден и веќе ги врши своите проби за утрешниот концерт како и од нашиот исто така светски познат Симон Трпчевски, а двајцата ме иформираа дека се работи за високо професионално направена сала за филхармонија пред се од стручен апспект, од аспект на звукот и акустиката. Се работи за целосно функционален објект во износ од 37 милиони евра, односно приближно на градбата на Македонскиот народен театар кој што беше 36 милиони евра и тоа се два капитални проекти кои ги започнавме во 2007-та а веќе од 2009-та започна градбата“, рече Груевски.

Истакна дека овој објект ќе биде гордост за скопјани, но и за сите граѓани на Македонија.

„Компанијата којашто го градеше завршила одлична работа и видов навистина насмевка и среќа кај музичарите кои што досега беа кираџии  во други несоодветни објекти. Се надевам дека и утре вечер првите илјада луѓе што ќе влезат ќе бидат среќни и задоволни и ќе биде еден од проектите со кој што ќе се гордеат нашите граѓани“, додаде Груевски.

Груевски доби и плакета за особен придонес во културата и уметноста од страна на вработените во филхармонијата.

Новиот објект на Македонската филхармонија со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики според сите светски стандарди, ќе биде отворен во недела во 19 часот со ексклузивен концерт на Филхармонијата со која како солист ќе настапи македонскиот светски прославен пијанист Симон Трпчески.

Концертот ќе биде под диригентско водство на еден од најпрестижните и најбараните диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази од Русија. Ќе бидат изведени дела од Трајко Прокопиев – суита бр. 2 од балетот „Лабин и Дојрана“, Сергеј Прокофјев – концерт за клавир и оркестар бр. 3 во C-dur, оп. 26 и од Петар Илич Чајковски – симфонија бр. 5 во e-moll оп. 64.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.