Спорт

Капитенот на Атлетико (М) најави шампионско славје во Барселона

Капитенот на Атлетико (М) најави шампионско славје во Барселона

Капитенот на актуелниот лидер во шпанската Примера дивизион, тимот на Атлетико (М), Габи е убеден дека популарните “јорганџии” ќе останат непоразени на последниот првенствен натпревар кој го играат против директниот ривал во борбата за шампионската титула, тимот на Барселона.

Атлетико (М) в недела гостува на “Ноу Камп”, а избраниците на Диего Симеоне ќе ја освојат толку посакуваната титула доколку освојат најмалку еден бод во последниот натпревар од актуелната сезона.

„Ќе дојдеме до посакуваниот резултат, нема да бидеме поразени на “Ноу Камп”. Во Барселона ќе бидеме крунисани за нови шампиони на Шпанија. Јас верувам во овој тим. Ова е Атлетико (М), а Атлетико (М) секогаш игра на победа. Сакаме да ги израдуваме најверните фанови, сакаме да победиме за нив. Ќе дадеме се од себе во последните 90 минути. Веќе се навикнавме на натпреварите кои се дефинирани како финале”, изјави искусниот игра за врска.