Капитенот си замина дома, тренерот поднесе оставка – што се случува во Трабзон ?!

Се уште не е јасно дали Арвеладзе ќе го води тимот на утрешниот меч против Работнички

Се започнало по вчерашниот тренинг кој турскиот тим го одржа на помошното игралиште на ФК Работнички. По заминувањето во хотелот, дошло до вербален конфликт меѓу Арвеладзе и Киврак, а караницата била толку жестока што веднаш потоа најомилениот фудбалер помеѓу фановите на Трабзон, голманот Киврак го напуштил хотелот, а утрово се вратил во Турција.

Тензиите продолжиле, а токму тренерот бил посочен како виновник за несогласувањата внатре во клубот, по што тој без двоумење поднел оставка.

Сепак, според непотврдени информации, оставката не е прифатена, па се очекува Арвеладзе да го води тимот на утрешниот меч против Работнички.