Капитол го слави својот трет роденден, 72 часа забава, шопинг и частење!

капитол

Забавата и шопинг маратонот се закажани за овој викенд, така што за првиот ден, сабота, 10.12.2016 ќе настапат Brass Brothers и Sarah Mace.Вториот ден од роденденот, недела, 11.12.2016, посетителите ќе можат да се забавуваат со музички Dj сетови, додека пак на самиот роденден – понеделник 12.12.2016, Капитол организира забава со Dj Панчо и Димитар Андоновски.

programa_capitol_slavime3

Капитол за најмалите подготви богата програма и бројни игри и забава. Децата во сабота ќе можат да пеат, танцуваат и да креираат честитки за време на роденденскиот предизвик на центарот. Нивното радување ќе нема крај и во недела кога од 13.00 часот ќе се одржи „Волшебната роденденска претстава“. Останатото време од 3 дневниот родендентие ќе го поминат во детски натпревари во куглање, спортски активности, дружење со Академијата „Вардар“, часови по англиски и музичко, графичка работилница, караоке, аниматори и жонглери.

За шопингот да биде забавен и опуштен за време на роденденот Капитол мол, во соработка со Групер,приреди бројни попусти кои ќе можете да ги погледнете на следниот линк: https://grouper.mk/deal/capitoll-mall-3godini

Роденденот на Капитол мол е вистинска прилика за загревање и шопинг пред празниците, одлична можност да се најдат совршените подароци во забавна атмосфера. Центарот со години придонесува со забавен шопинг и очекува да продолжи со исто темпо во иднина. Капитол мол константно ги вложува сите свои ресурси и енергија да биде место за сите генерации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.