„Капитол мол“ го прослави првиот роденден со бројни подароци за своите потрошувачи

Трговскиот центар со европски шмек, кој пред сѐ се перцепира како семејно ориентиран и уникатен во пристапот до своите потрошувачи, Капитол мол, денеска прослави една година од своето отворање. Роденденот е одбележан со бројни подароци за посетителите како и со вечерен концерт на музичката група Eye Cue. Роденденската забава ќе продолжи и во следните денови, во сабота на 13 декември со концерт на Сара Мејс и Тони Зен, а во недела на 14 декември со театарска детска претстава.

„Денес и официјално славиме една година од отворањето на трговскиот центар Капитол мол.  Можеби мал јубилеј, но за нас посебно драг, особено бидејќи веќе една година сме нераскинлив дел од многу семејни приказни, љубовни состаноци, детски родендени и интересни забави, на квалитетен шопингот за сите генерации. Граѓаните во капитол Мол препознаа топол, пријателски и уникатен простор во кој преферираат да го поминат слободното време. Затоа и сакаме да им се заблагодариме на сите граѓаните кои изминатава година нè посетија, и за кои подготвивме и подароци за нивните родендени во текот на цела година. Се надевам дека сите заедно и понатаму ќе уживаме во капитол Мол, а ние постојано ќе се трудиме да понудиме нешто дополнително на радост на сите“ – изјави Даниела Адемоска, сопственичка и генерален директор на „Капитол мол“.

k4

„Капитол мол“ нудиквалитетнисодржини, заситенашипотрошувачи, однајмладите, донајстарите. Изборот е огромен од продавници за: мода, спорт и модни додатоци, детски продавници, ресторани за храна, кафулиња, парфимерии и дрогерии, центар за куглање и билијард 4Боулинг, фитнес центар, детска игротека и многу други содржини. Со својот пријатен и несекојдневен амбиент, Капитол мол симболизираквалитетво трговијата на мало, обезбедувајќи го сиот конфор на шопингот. „Капитол мол“ – Твое место за твојот роденден.

1 godina Kapitol Mol

 

k

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.