„Капитол Мол“ подготви низа изненадувања по повод месецот на потрошувачите

„Капитол Мол“ одлучи пријатно да ги изненади сите оние кои ќе го посетат. Во месецот на потрошувачите, секој викенд ќе биде исполнет со многу игри и подароци.

„Капитол Мол“ кој е семејно ориентиран и уникатен во пристапот  овој пат одлучи пријатно да ги изненади своите потрошувачи.

За таа цел креираше сет на активности, игри, подароци, попусти и многу забава секој викенд до 14 јуни од 12 до 15 часот. Децата ќе можат да учествуваат во многу игри и да добиваат награди. Обезбедени се и специјални попусти за пазарување, а дел од изненадувањата и е Happy Hour со специјални намалувања на понудата во рестораните за брза храна на третиот спрат.

Со својот пријатен амбиент, „Капитол Мол“ симболизира квалитет во трговијата на мало и стана зборно место за локалното население, но и за сите кои го посетуваат. Вклучувајќи ги сите содржини кои им се неопходни на потрошувачите, „Капитол Мол“ им го обезбедува најдоброто доживување, најдобар шопинг и најмногу изненадувања.

– Нашата иницијатива да креираме месец во кој ќе ги наградиме нашите потрошувачи дојде токму како инспирација од нивното задоволство и уживање во нашиот амбиент. Тоа се наши соседи, лојални посетители и пријатели на Капитол Мол и нивната доверба и наклонетост сакавме да ја издвоиме и да ја наградиме. Наш ред е да покажеме колку ни значат, изјави Даниела Адемоска, сопственик и Генерален Директор на Капитол Мол.

Капитол Мол и натаму ќе продолжи да ги наградува своите потрошувачи и да одговара на нивните потреби, креирајќи понуди и услуги што ќе им овозможат на потрошувачите дополнителен бенефит и задоволство.