Капитол мол подготвува бројни изненадувања за новогодишните празници!

И оваа година Капитол мол се подготвува да ги израдува сите по повод новогодишните празници. Во топол амбиент кој штити од временските услови во секој дел од годината Капитол мол секојдневно ги привлекува сите кои сакаат добри модни парчиња, книга, забава, фитнес, шопинг, куглање, кафе и храна. Имајќи го во предвид големиот број на посетители кои секојдневно уживаат во условите и можностите кои ги нуди центарот Капитол мол подготви новогодишна програма за да го сподели празничниот дух.

На 24 декември се одржa претставата „Брашко”, претстава со едукативен и забавен карактер каде најмалите на многу интересен начин научија како се подготвува лебот. На 25 декември пак, се изведе детската претстава „Новогодишни радости и песни“. Истата претставуваше исклучително задоволство за сите дечиња. За последниот ден од годината, 31 декември, ќе се „Одбројува со песна“. Најмалите повторно ќе пеат и ќе се радуваат во пријатна и топла атмосфера.

На 30 и 31 декември организирани се неколку игри и бројни изненадувања за најмалите но и големите посетители на молот. Ќе има натпревар за украсување на елка, а последните два дена од годината посетителите ќе играат  „Среќно Тркало“ кое ќе им донесе многубројни подароци и награди. Овие два дена тие ќе можат да цртаат лампиони и да другаруваат со Дедо Мраз на првиот кат во центарот.

Капитол мол верува дека со обезбедување на удобни услови и креирање на топла празнична атмосфера каде сите посетители ќе можат да уживаат во семејниот шопинг, совршено ќе се надополни новогодишниот дух на градот Скопје и населбата Аеродром. Затоа со задоволство организираат активности за целото семејство и ве повикуваат да уживате во празниците заедно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.