„Капитол плеј“: Куглање во најголемиот забавен центар во градот

За време на кусите есенски и зимските денови кога движењето во надворешни услови е лимитирано, едно од најчестите прашања кои си ги поставуваме е каде квалитетно да го поминеме попладнето со семејствoто и пријателите. Во потрага по соодветно место кое ќе ги задоволи сите вкусови и годишни разлики дојдовме до интересен предлог кој вреди да се проба.

Во Скопје полека, но сигурно станува популарно куглањето кое покрај тоа што е неверојатно забавна друштвена игра се вбројува и во групата на спортови. На третиот кат во новиот трговски центар „Капитол Мол“ можете да ја посетите кугланата „4Bowling“ која се наоѓа на површина од 400м2 со четири патеки за куглање, три билјард маси, бар и сето тоа надополнето со пространа и отворена тераса. Оваа куглана е дел од Капитол плеј – најголемиот забавен центар во градот со цени за користење прилагодени на нашите услови.

Кугланата „4Bowling“ е опремена од водечкиот американски производител на опрема за куглање– Brunswickи e дизајнирана за да го претставува најдоброто место за забава, рекреација, дружење и освежување.

Во рамките на овој простор за забава и рекреација постојано се организираат различни настани, натпревари, турнири (поединечни и тимски) во куглање и билјард со награди за победниците и поразените.Како дел од забавната програма секако не изостануваат и организирањето на роденденски забави, промоции, корпоративни настани…

3

По повод првиот роденден на Капитол мол, на 12 декември оваа недела ќе бидат доделени и 2 билета за бесплатно користење на просторот.

Куглањето со 10-те кегли е друштвена игра наменета за сите возрасти. Нема да не зачуди доколку кажеме дека првите форми на куглање се забележани уште во древните времиња на стариот Египет. Својата популарност ја стекнало благодарение на позитивното чувство кое го предизвикува како и забавата во која се вклучени повеќе играчи. Играчите можат да бидат припадници на помладата но и постарата генерација бидејќи овозожува квалитетно дружење и насмевки.

DSC_6879

 

VK3B6608

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.