„Капитол Резиденс“  – Луксузен станбен и деловен простор за само 1099 евра по м2

„Капитол резиденс“ е вистинскиот избор за Вас доколку сакате да живеете и работите во простор со многу светлина и хармонија, а воедно и место направено по највисоки стандарди од секој аспект. Се работи за понуда на „Капитол Резиденс“ – Луксузен станбен и деловен простор за само 1099 евра по м2.

kapitol3

Почуствувајте ја позитивната енергија на просторот!

Креиран по европски терк, уште веднаш штом ќе влезете во комплексот „Капитол Мол & Резиденс“ ќе ја почувствувате позитивната енергија на просторот и на ентериерот, домаќинската атмосфера, создадена со многу љубов од инвеститорите, кои воопшто не штеделе на материјали и средства при неговата изградбата, нешто што е очигледно дури и на прв поглед.

Лоциран во скопската населба  Аеродром, овој простор нуди беспрекорна  звучна и топлотна изолација, а материјалите кои се употребени за ѕидовите се од највисок квалитет и тоа: YTONG и KNAUF со нивни помошни матерјали. Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови.  Ѕидовите се изведени од ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада со камена волна од производителот КНАУФ (д-8 см) преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата. Како дополна на квалитетните ѕидови  во сите простории поставени се алуминиумски прозори и врати со термо мост, а истите застаклени со трослојно стакло од кое едното е и 4 сезонско што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Ова овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период.

kapitol4

 

kapitol5

Сплет на домување и атрактивните содржини на „Капитол Мол“

Посебни лифтови водат во „Капитол Резиденс“, а постои и директна комуникација со Трговскиот центар Капитол мол и со Фитнес центарот, со беспрекорно зачувувањето на дискретноста на деловниот простор и приватноста на домовите. Трите нивоа на подземниот паркинг-простор обезбедуваат места за повеќе од 450 возила: едно ниво е резервирано за станарите во „Капитол Резиденс“  и две нивоа на гаражата се достапни за посетителите на „Капитол Мол“. Комплексот има 24 часа обезбедување.

Овој комплекс афирмира поинаков квалитет на работа и живеење, комбинирајќи го домувањето со атрактивните содржини на еден современ трговски центар. Концептот на овој комплекс е да привлече луѓе кои знаат што сакаат и кои напорно работат за да го постигнат тоа, но во исто време максимално уживаат во животот.

kapitol1

kapitol2

 

 

За сите дополнителни прашања испратете меил на –  contact@capitolresidence.mk

https://www.youtube.com/watch?v=dnDQiy_0GWU