„Капитол Резиденс“- Примамлива понуда за станови од вашите соништа

Специјална понуда за продажба на луксузни станови и деловен простор во „Капитоп Резиденс“. Станови од 63 квадрати до 112 квадрати, за само 1.099 евра за метар квадратен. Оваа специјална понуда вклучува одреден број на станови и е изготвена во време на актуелната саемска манифестација за недвижности.

„Капитоп Резиденс“ во населбата Аеродром, на бруто површина од 8.000 м2, на четири нивоа  нуди за продажба ексклузивни станови, во склоп на трговско-деловниот комплекс „Капитол мол и резиденс“.

Станбениот и деловниот простор, афирмира поинаков квалитет на живеење, бидејќи го комбинира домувањето и деловното работење со атрактивните содржини на еден современ трговски центар. Влезот на становите е со посебни лифтови, а исто така, станарите имаат директна комуникација со Трговскиот центар и со Фитнес центарот.
При осмислување на проектот, архитектите внимавале на секој детаљ, па така иако на првите неколку ката функционира  трговскиот центар, крајно се внимава на зачувувањето на приватноста на станарите.

Објектот е изведен  согласно сите стандарди кои ги бара нашето поднебје – каде што сè уште се паметат последиците од катастрофалниот земјотрес. Матерјалите кои се употребувани за ѕидовите се исто така од највисок квалитет и тоа: YTONG и KNAUF со нивни помошни матерјали. Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови. Ѕидовите се изведени со дебелина од 20 см и демит фасада со камена волна од производителот КНАУФ (д-8 см) преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата. Целиот објект има алумински прозори и врати со термо мост, кои се застаклени со трослојно стакло од кое едното е и 4 сезонско што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Ова – на секој станар – му овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период. За целосно уживање во просторот во сите временски услови за секој стан е поставен посебно систем на затоплување и ладење со фенкојлер единици во просторот.  Со поставената термо-изолација и самостојниот ситем на греење и ладење секој станар максимално може да штеди енергија и притоа  целосно да ужива во просторот. Поставената електро инсталација е изведена според сите врвни стандарди со производи од познатите брендови: ПИРЕЛИ, ШНАЈДЕР, БОШ и др. Во секој стан е поставена инсталација со можност да се користат сите кабелски оператори  и со самото тоа станарите немаат дополнителни кабли низ самиот стан. Инсталацијата за водовод со санитарните уреди исто така е од познати брендови и тоа: сите батерии за топла и ладна вода се од брендотГ РОХЕ,  казанчињата и wc школките се од производителот ГЕБЕРИТ, целата санитарија и галантерија е од брендот ВИТРА. Во секоја бања има подно греење.

Три нивоа на подземниот паркинг-простор обезбедуваат места за повеќе од 450 возила: едно ниво е резервирано за бесплатен паркинг за станарите во „Капитол Резиденс“  и две нивоа на гаражата се достапни за посетителите на „Капитол Мол“. Целиот објект е обезбеден 24 часа.

kapitol

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.