Капитол Резиденс – за оние кои го сакаат најдоброто за себе!

Станбениот и деловен простор Капитол Резиденс се наоѓа на само неколку километри од центарот на Скопје, во срцето на населбата Аеродром и нуди поинаков квалитет на работењето и живеењето.

За луѓе и компании кои го сакаат најдоброто за себе

Станува збор за уникатна архитектонска структура во која можат да се купат и одредени ексклузивни станови и деловни простории по цена од само 1099 евра по м2. Исклучително ниска цена за она што се нуди, имајќи во предвид колку е вложено во овој објект. За сите животни приказни кои овде ќе се раскажуваат овој комплекс нуди пространи и модерни деловни простории и станови, со функционален распоред, идеално испланиран простор и многу светлина. Постои беспрекорна звучна и топлотна изолација, а материјалите кои се употребени за ѕидовите се од највисок квалитет што на секој станар или деловна компанија им овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период.

2

3

Капитол Резиденс со поинаков квалитет на живеење и работење

Станбениот дел е во рамките на комплексот „Капитол мол и резиденс“ што само по себе нуди многу предности и поволности. Имено во еден објект можете да ги завршите сите обврски, да одите на фитнес, како и на шопинг. Капитол Резиденс  афирмира поинаков квалитет на живеење и работење комбинирајќи го домувањето и професионалниот живот со атрактивните содржини на еден современ трговски центар.

Влезот за станарите и деловните лица е со посебни лифтови, а тие имаат директна комуникација со Трговскиот центар и со Фитнес центарот, со беспрекорно зачувувањето на дискретноста на домовите и компаниите. Три нивоа на подземниот паркинг-простор обезбедуваат места за повеќе од 450 возила: едно ниво е резервирано за бесплатен паркинг за станарите во Капитол Резиденс  и две нивоа на гаражата се достапни за посетителите на „Капитол Мол“. Комплексот има 24 часа обезбедување. Концептот на овој комплекс е да привлече луѓе и компании кои знаат што сакаат за себе и кои напорно работат за да го постигнат тоа, но во исто време максимално уживаат во животот и работата.

4

5

Комплексот на Капитол Резиденс кој е фокусиран пред сè на задоволството на своите станари и деловни корисници ги кани сите заинтересирани да појдат и да се уверат дека никогаш нема да посакаат да заминат оттаму.

 

 

Повеќе за комплексот Капитол Резиденс можете да прочитате овде.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.