понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 51

Со„Капка по капка“ и квалитетни ѓубрива до двојно повисоки приноси кај силажната пченка

Во близината на прилепското село Мало Коњари денеска официјално почна жетвата на силажна пченка на пет хектари, сопственост на земјоделецот и точар Илчо Даскалоски од Мало Коњари кој двојно ги зголеми приносите со примена на системот за наводнување „капка по капка“ и со новите течни ѓубрива на „Алкалоид“ од Скопје, пренесе МИА.

pcenka

Последни вести

Во близината на прилепското село Мало Коњари денеска официјално почна жетвата на силажна пченка на пет хектари, сопственост на земјоделецот и точар Илчо Даскалоски од Мало Коњари кој двојно ги зголеми приносите со примена на системот за наводнување „капка по капка“ и со новите течни ѓубрива на „Алкалоид“ од Скопје, пренесе МИА.

Воведувањето „капка по капка“ е дел од проектот за експанзија на мали бизниси од УСАИД, финансиран од Швајцарската влада.

Според Даскалоски, примената на овие мерки го унапредуваат производството и ги намачуваат трошоците.

Го применувам системот „капка по капка“. Прво добив помош од УСАИД на еден хектар, а јас вложив на уште два хектара. Приносите се двојно поголеми и очекувам над 80 тони силажна пченка од хектар. Тоа е храна за кравите зашто имам сопствена фарма, вели Даскалоски.

Агрономот Димче Дамјаноси од Проектот за експанзија на мали бизниси при УСАИД вели дека ја продолжуваат соработката со земјоделците, конкретно со Даскалоски кој е еден од двајцата најуспешни во пелагониско и со совети помагаат. Системите капка по капка во Македонија ги користат околу 500 земјоделци.

Со совети и следење на процесот на производство, ја продолжувамне соработката со Даскалоски и со земјоделците кои применуваат „капка по капка“. За овие четири години од проектот се финасираше поставување вакви системи на 280 хектари пченка и сончоглед во Македонија за модернизација на производството. Земјоделците двојно ги зголемија приносите и од 39 во 2012 година, стигнаа до 80 и до 90 тони пченка по хектар. Само лани приносите беа рекордни со 126 тони од хектар, истакна Дамјаноски, пренесе МИА.

kapka-po-kapka

Според него, на 480 хектари земјоделците сами вложија во системите, од кои дел се преку националната програма на Министерството за земјоделство кое субвенционира со 50 проценти.

Годинава соработуваме и со „Алкалоид“ кој се вклучи со своите производи – течни ѓубрива, додаде Дамјаноски.

Според Емил Евгениевски од „Алкалоид“, течните ѓубрива се нудат веќе осум години, а годинава првпат се вклучуваат во поледелството.

Соработката е одлична, а нашата цел е да помогнеме во унапредување на производството и веќе резултира оваа соработка со земјоделецот Даскалоски со кого потпишавме договор, рече Евгениевски.

Горанчо Томески од Агенцијата за унапредување на земјоделството од Прилеп нагласи дека само годинава 12 прилепски земјоделци користат „капка по капка“ и соработуваат со 30 ина од регионот.

Целта е да се модернизира производството, да се зголемат приносите, да се намалат трошоците, особено во силажната пченка за добитокот со што и цената на чинење на млекото ќе биде пониска, а производителирте ќе бидат конкурентни на пазарот, напомена Томески.

Од проектот за експанзија на мали бизниси од УСАИД и од Агенцијата за унапредување на земјоделството сметаат дека македонските производители веќе сами вложуваат во модернизацијата и во примена на системите „капка по капка“.

Најчитани вести