Капоуе сака да соработува со Горан Пандев

Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Етиен Капоуе, јавно призна дека не е задоволен од статусот што го има на “Вајт Харт Лејн” и дека сака да си замине од Островот до крајот на зимскиот преоден рок.

“Во овој момент нема ништо ново, но јас не сакам да играм на централната дефанзивна позиција. Нормално дека сум подготвен да седнам на преговарачката маса доколку добијам некоја примамлива понуда”, изјави поранешниот фудбалер на Тулуз.

До пред некој ден, најзасинтересиран за услугите на одличниот играч за врска беше претседателот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис кој потврди дека е подготвен да понуди 8.3 мил. фунти за услугите на Капоуе.