Капуе го прекина престојот на Вајт Харт Лејн

Англискиот премиерлигаш Ватфорд го комплетираше трансферот на Етиен Капуе од Тотенхем.

Новиот член на елитното фудбалско друштво во Англија ќе плати рекордни 5,7 милиони фунти за францускиот интернационалец, кој потпиша 4-годишен договор.

Капуе во Тотенхем премина од Тулуз во 2013, но никогаш не успеа да се избори за место во првиот тим на Вајт Харт Лејн, одигрувајќи само 24 натпревари во претходните две сезони.

Тој беше еден од седуммината фудбалери кои пристигнаа во Тотенхем по продажбата на Герет Бејл во Реал Мадрид за 86 милиони фунти.