Свет

Караџиќ бара истрага од ОН за малигните заболувања на затворениците во Хашкиот затвор

Караџиќ бара истрага од ОН за малигните заболувања на затворениците во Хашкиот затвор

Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, преку писмо му се обрати на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, во кое го предупредил на алармантно високиот број малигни заболувања меѓу обвинетите во Хашкиот трибунал, повикувајќи го да побара истрага.

Караџиќ нагласи дека имало два случаја на ненадејна смрт, две самоубиства и 11 заболени лица од рак или леукемија, истакнувајќи дека нему му било оперирано жолчното ќесе и дека ненадејно му се зголемило нивото на шеќерот во крвта, иако пред пристигнувањето во Хаг бил здрав.

Тој побарал од Бан да започне истрага ОН, заедно со Црвениот крст и Светската здравствена организација, бидејќи надлежните во Хаг го одбиле преглогот за почнување истрага околу зачестените тешки заболувања во затворот.