Караџиќ: Не треба да бидам осуден, но прифаќам морална одговорност

Поранешниот водач на босанските Срби, Радован Караџиќ искажувајќи ги завршните зборови пред Хашкиот трибунал на крајот на неговото судење рече дека не треба да биде осуден, но прифаќа морална одговорност за злосторствата извршени од босанските Срби и нивните лидери за време на војната.

Караџиќ се соочува со единаесет обвиненија, вклучувајќи и го и она за геноцид за масакрот во Сребреница, во кој загинаа повеќе од 7.500 муслимански мажи и момчиња во јули 1995 година.

Обвинителството наведе дека Караџиќ бил водечка сила во кампањата на геноцид на несрпското население во Босна. Обвинителството побара максимална казна, односно доживотен затвор за Караџиќ.

Трибуналот пресудата за Караџиќ треба да ја донесе кон средината на 2015 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.