Караџоски: Дрва за огрев има, но критично е во Скопје

Зголемена е побарувачката на огревни дрва годинава во споредба со лани. Граѓаните од јавното претпријатие „Македонски шуми“ побаруваат за 20 % поголема количина дрва за огрев во однос на минатата година. Причината поради која се повеќе домаќинства се одлучуваат да се греат со дрво, е тоа што изминативе години цената на енергенсите расте, а на дрвото е непроменета во државните складишта. Во приватните складишта пак цената зависи од понудата и побарувачката, пишува „Лидер“.

Нашата цена е непроменета веќе девет години и тоа е една од причините за стимулирање на потрошувачката, а плус и измените во Законот за шуми и многу други закони, особено Законот за прекршоци и акцијата „Гора“ која беше спроведена и се уште трае придонесе да пазарот се легализира, вели директорот на Македонски шуми, Жарко Караџовски.

И покрај зголемената побарувачка и временските непогоди, од јавното претпријатие Македонски шуми уверуваат дека нема да има недостиг на дрва за огрев. До крајот на октомври ќе бидат испорачани и покриени сите нарачани количини. Мали проблеми со снабдувањето има само во Скопје. Од претпријатието апелираат домаќинствата навреме да ги прават нарачките.

дрваНема стравување од недостаток на дрва и ги има во сите складови. Во Скопје малку има проблем, затоа што ние произведуваме 40.000 кубни метри, а во градот побарувачката е од 150 до 200 илијади кубни метри. Уплатите и договорите се примаат од јануари, а испораките се вршат редоследно согласно тие списоци кој како уплаќал и сега се јавува нервоза кај некој граѓанин кој уплатил денеска и сака одма да ги добие дрвата. Секако дека ќе добие, но откако ќе бидат испорачани дрвата за оние кои претходно уплатите и тука е проблемот. Малку е покритично во Скопје, затоа што е голем пазар. Ние произведуваме максимум во Караџица (нашата шумска стопанска единица) до 40 илјади кубни метри, а во Скопје се побаруваат 150 метри кубни, потенцира Караџовски.

Кубик бука е 2.370 денари, а кубик даб 2.450 денари

Досега испорачани се 316 илијади кубни метри, договор има за уште 100 илјади. До крајот на сезоната се очекува побарувачката да достигне до 750 илјади, а увезени се 15 илијади кубни метри.

Цените за еден кубик дрва бука е 2.370 денари, а за кубик даб 2.450 денари. Годинава се очекува 130.000 домаќинства да се греат на дрво.