петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Караѓозови ја донираа семејната куќа во Ново Село на Штипскиот универзитет

семејната куќа на Караѓозови ќе биде реконструирана и прилагодена за студиската програма Историја со археологија, а на влезната врата ќе стои и спомен плочата посветена на лекарот Панче Караѓозов.

Караѓозови ја донираа семејната куќа во Ново Село на Штипскиот универзитет

Караѓозови ја донираа семејната куќа во Ново Село на Штипскиот универзитет

Последни вести

Познатото штипско семејство Караѓозови, наследници на доајенот на македонската хирургија Панче Караѓозов, семејната куќа во Ново Село денеска ја даруваа на универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) – Штип.

Како што ректорот Блажо Боев, семејната куќа на Караѓозови ќе биде реконструирана и прилагодена за студиската програма Историја со археологија, а на влезната врата  ќе стои и спомен плочата посветена на лекарот Панче Караѓозов.

– Прво треба да направиме проектна документација, да добиеме соодветни дозволи, бидејќи Ново Село е под заштита на спомениците на културата. Се надеваме дека со одредени градежни работи ќе почнеме на почетокот на наредната година, изјави Боев.

Наследниците на познатиот хирург, Катерина и Александар Караѓозови, истакнаа дека куќата ќе остане во спомен и ќе биде реконструирана, зашто градот Штип даде голем број лекари и медицински сестри.

– Градот Штип по Панче Караѓозов именуваше медицински центар, улица, населба, а и Скопје, исто така, училиште. Цениме дека овој објект ќе биде една целина и ќе стане туристичка атракција во Ново село кое, иако толку мало, има богата историја и даде видни, еминетни личности, нагласи Караѓозов.

Куќата на Караѓозови датира од 19. век. Во неа израснале генерации, а нивните наследници сметаат дека објектот треба да биде споменик и дел од традицијата на штипско Ново Село.

Најчитани вести