Каракамишева: Да имаше решение во рамки на Уставот, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе најдеа заеднички јазик

Каракамишева

Имам чувство дека позади целата таа еуфорија којашто се чувствуваше во изјавата на господинот Заев се крие еден голем страв и се крие еден голем прашалник, што доколку не успеам да го спроведам до крај сценариото што ми е дадено во рака и што со мене и со мојата политичка кариера и воопшто со сите оние што ги повлеков со мене во услови кога нема да можам да го реализирам тоа што го ветив, рече Каракамишева.

Да беше така лесно и така едноставно како Зоран Заев сака да каже дека нашле заедничко решение во рамките на законот, и да беше тоа сѐ во согласност со Уставот, верувајте дека за такво решение ќе најдеа заеднички јазик и претходните коалициски партнери, односно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додаде Каракамишева.