Каракамишева: До каде е ОЈО со прибирање докази за нелегалниот избор на Џафери?

Ако мојата маленкост смее да го праша ОЈО до кај е со прибирањето докази по кривичната пријава поднесена против пратениците Ферид Мухиќ, Горан Мисовски, Талат Џафери и уште 64 други за неуставниот и нелегалниот избор на Претседател на Собрание на 27 април од страна на Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола? – запраша преку Фејсбук статус професорката Тања Каракамишева Јовановска.

Таа запраша дали уште прибираат докази за оваа пријава.

-И уште едно прашање, ако смеам, ќе постапи ли ОЈО против пратеникот што пееше Албанска химна во Собранието на Македонија, или и за тоа им треба уште време за да соберат докази?- додава Каракамишева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.