Каракамишева-Јовановска: СЈО одработува политичка агенда на СДСМ

Каракамишева-Јовановска: СЈО одработува политичка агенда на СДСМ
Каракамишева-Јовановска: СЈО одработува политичка агенда на СДСМ
Специјалното јавно обвинителство одработува политичка агенда на СДСМ, вели универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска во дебатата на ТВ НОВА.

Според неа станува збор за организирана хајка и дека се прекршени законите, уставот и пресумпцијата на невиност.

-Уставот е повреден, начелото на законитост е повредено. Не може во истражна постапка да се жигосуваат луѓе. Тоа е дел од сценарио. СЈО е ставено како спрега на СДСМ, а Јанева одработува политичка агенда. Таа немаше законски основи така да ги постави работите, рече професорката.

Каракамишева-Јовановска вели дека денешната прес-конференција на СЈО е надвор од правна логика и правна издржаност.

-Државни органи и медиумите се должни да се придржуваат до пресумпција на невиност, рече таа во ТВ НОВА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.