Каракамишева- Јовановска: Во Македонија се создаде армија на соросоиди во сите сфери од општеството

Во Македонија се создаде една армија на соросиди во сите сфери од општеството, смета универзитетската професорка Тања Каракамишева – Јовановска, која за време на гостувањето во телевизија Нова истакна дека клучна грешка на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години е што дозволи да се случи тоа.

„ ВМРО го следеше тој процес. Признанието на Груевски во последното интервју е во контекст на тоа дека се претера со насадување на луѓе оттуѓени од својата земја. Сум сретнала меѓу нив многу кои не се ни срамат да кажат дека се гадат од Македонија, се однесуваат како да се граѓани од повисока класа, не сакаат да одат во црква, не сакаат да ги почитуваат празниците, семејните вредности…“, изјави Каракамишева.

Таа додаде дека љубовта кон својата земја се стекнува преку давање на свој придонес во држата, а СДСМ како партија под капата на Сорос не придонеле со ништо за да го поттикнат чувството за патриотизам.