Каракамишева: Најмалку 4.000 фирми ќе треба да го избришат името „Македонија“

Професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил реагираше на информациите објавени во грчките медиуми според кои фирми во Македонија ќе треба да извршат промена на регистрацијата и да го избришат името „Македонија“ доколку е содржано во нивниот назив.

Пак од грчки извори пошто тие се поинформирани за нас од ние самите, најмалку 4.000 приватни фирми ќе треба да извршат промени во регистрацијата и да го избришат „Македонија” во фирмата! Ајдеее животе разваљуј!, напиша Карашамишева.