Каракамишева: Нашето име е многу повеќе од Устав и тековна политика

Нашето име е многу повеќе од Устав и тековна политика, со ова исконско чувство никој не може да си игра мајтап, никој нема право да го менува, објави на својот фејсбук статус на професорката Татјана Каракамишева Јовановска.

Мини анализа за вестите на Алфа ТВ за случувањата во Собранието во врска со поднесените амандмани од страна на ВМРО-ДПМНЕ на неуставниот и неевропски Закон за јазиците, како и мое видување за спорот што го имаме за прашањето за името.

„Нашето име е многу повеќе од Устав, многу повеќе од тековна политика, многу повеќе од обично право.

Нашето име е внатрешен дел на секого од нас, наш идентитет, апсолутно и неоттуѓиво право да се самоопределиме и да се самоидентификуваме така како што чувствуваме, така како што нашите претци ни оставиле во аманет. Со ова исконско чувство никој не може да си игра мајтап, никој нема право да го менува, врти, извртува само затоа што некому тоа му се сонило”.