Каракамишева: Нови парламентарни избори за обезбедување на политичка стабилност

„Кога завршија изборите и се знаеше крајниот епилог на мандати, реков дека во Македонија набрзо ќе мора да се организираат нови избори. Се виде дека распределбата на мандатите беше прилично комплицирана и во таа смисла тешко дека најголемите политички партии од македонскиот блок ќе можат да состават мнозинство што ќе биде долготрајно и ќе донесе стабилна Влада. Се виде дека на која страна и да отидеа пратениците од албанскиот блок, Владата нема да може да биде одржлива“, изјави Каракамишева.

Додаде дека нови парламентарни избори се неопходни за да се обезбеди политичка стабилност во државата, но и да се обезбеди континуитет во правната, политичката и економската стабилност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.