Каракамишева: Саботажа

Политичките случувања во Собранието на РМ што по 18 часот во четвртокот ни ги приредија пратениците на СДСМ, дел од пратениците на ДУИ и партијата на Зијадин Села се оквалификуваат со едно име-државен удар. Како секој антидржавен чин, така и овој државен удар го донесе најголемиот политички и правен срам за Република Македонија, пишува универзитеската професорка Тања Каракамишева Јовановска во својата редовна неделна колумна за Курир, осврнувајќи се на начинот на кој СДСМ и неговите партнери од албанските партии нелегално го прогласија за собраниски спикер Талат Џафери.

Како што во неделата на 27 април 2014 година во 19 часот Заев на прес конференција одлучи да ги суспендира изборните резултати од регуларно одржаните парламентарни и претседателски избори со што изврши директен удар врз изборната демократија, така сега СДС повторно на чело со Заев го заокружува процесот на суспендирање на целокупната демократија во земјата со вршење политичко насилство врз Собранието на РМ.

27 април треба да се запише како црн ден за македонската демократија, за македонската уставност и за македонскиот правно-политички систем. Пред три години, Заев ја згази изборната волја на граѓаните со непризнавањето на изборните резултати измислувајќи куп лажни факти и аргументи кои времето и валидните докази ги побија и ги изнесоа на површина како чиста лага.

На 27 април2017 година, Заев, СДС, Села и дел од пратениците на ДУИ ја згазија Република Македонија. Пред три години Заев го суспендираше правниот систем на земјата, три години потоа Заев застанува на чело на колоната пучисти извршувајќи класична саботажа врз Република Македонија.

27.04.2014 беше почетокот на сценариото, 27.04.2017 година е финалето на сценариото за целосно разнебитување на Република Македонија како држава во која владее правото и во која има функционални институции. Преку спроведувањето на шверцерското сценарио на продолжување на седницата на Собранието по нејзиното официјално завршување, Заев и другите упатија јасна порака до граѓаните на РМ дека за него и за сите инволвирани не важи правниот систем на државата, не важи Деловникот на Собранието, не важи Уставот, не важат законите.

За Заев и за останатите пучисти важи само странското сценарио кое тие се нафатиле дека ќе го реализираат од првата до последната буква без оглед на цената и последиците од тоа. Самиот т.н. чин на избор на т.н. претседател на Собранието на РМ кој го одбраа како единствено можен за спроведување на главната цел-преземање на власта по секоја цена, упатува на фактот дека пучистите се подготвени да згазат се и да урнисаат се во државата. Ниту една институција, ниту еден државен орган за нив не е важен. Не е важен Уставот на РМ, не се важни граѓаните на РМ, не е важна државата. Како класични фалсификатори, пучисти и спроведувачи на саботажа во Собранието на РМ се впуштија во неуставни, незаконски и неделовнички дејствија финализирани во т.н. избор на претседател на Собраниетона РМ.

Во услови кога ниту не се водеше записник од собраниските служби, кога ниту претседавачот кој ја водеше седницата беше на местото утврдено за водење од каде ќе можеја да го слушнат сите пратеници во салата, кога беа згазени сите вообичаени и стандардни правила за тек на седницата, групата пратеници одлучија да си играатСобрание и да назначуваат нов претседавач на конститутивнатаседница.

Тој нов претседавач потоа одлучи да си игра и да си назначи копретседавач кој продолжи да ја води пародијата од седница на која без да утврди кворум, без да види колку пратеници воопшто го слушаат т.н. водење на седницата продолжи да глуми копретседавач и да става точки на дневен ред.

Во таква правна и деловничка саботажа, групата пратеници наводно избраа претседател на Собрание кој не само што е нелегален, бидејќи е избран на криминаленначин, со повреда на сите можни правила кои го уредуваат ова прашање, туку е и нелегитимен, бидејќи никој не знае со точност да каже колку пратеници гласаа за тој избор. Оваа саботажа наречена избор на претседател создаде многу незаконски дејствија кои ќе мора итно да повлечат кривично-правна одговорност за сите учесници кои учествуваа во извршувањето на казнивото дело Саботажа и загрозување на уставниот поредок на државата.

Кривичната одговорност мора да биде засилена за водачот на пучистичката група ЗоранЗаев, ФеридМухиќ, но посебно за Горан Мисовски кој ја водеше оваа незаконска седница. Наводно донесената одлука за изборот на Талат Џафери за претседател на Собраниетона РМ, се уште никој ја немавидено, бидејќи не е објавена во Службен весник на РМ, па оттаму таа не може да произведува никаква правна сила ниту внатре, ниту надвор од Собранието.

Талат Џафери не е официјален претседател на Собранието на Република Македонија.

Тој може да биде избран за координатор на пратеничката група на ДУИ, но не може да го застапува и да го претставува Собранието на РМ како негов претседател во полн капацитет.

Одлуката за т.н. избор не смее да биде објавена во Службен весник, бидејќи е донесена со сторување на кривичнидела, и на целосно незаконски и неделовничкиначин. Конститутивната седница во Собранието мора да продолжи таму каде што застана на 27.04 во 18 часот и да се расправа за точките на дневниот ред. Никој не смее да го суспендира правото на пратениците да дебатираат за точките по дневниот ред, и никој нема право да им забрани или да ги оневозможи пратениците да предложат и други кандидати за избор на претседател на Собранието.

Јавното обвинителство итно да оформи предмети за сите учесници во државниот удар во насока на враќање на владеењето на правото во земјата, а Уставниот суд по службена должност да ја разгледа целата состојба што се случуваше во Собранието на критичниот ден и да застане во одбрана на Уставот и на уставниот поредок. Уставниот суд е чувар на Уставот и на уставниот поредок и е најповикан во овие моменти да ја обезбеди заштитата на уставноста и на законитоста во државата.