сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 33

Каракамишева: Широка политичка влада не е добро решение за Македонија

Она што исто така загрижува е што ваквите политички влади настануваат после војна или по услови кога треба да се заокружи некој воен конфликт, односно да се најде соодветно решение за надминување на воена криза или граѓански конфликт, смета Каракамишева.

kakrakamisheva-640x345

Последни вести

Европската унија сака ние како држава постојано да бидеме во една континуирана политичка криза затоа што гледаме дека тие широко поставени политички влади од никогаш во Македонија барем немаат некој поголем успех, не вродуваат со плод во смисла на политичка стабилност без разлика што велиме дека ќе бидат засновани од повеќе политички партии, секоја политичка партија си влече на своја страна, секоја политичка партија си има свои интереси, така да мислам дека тие влади не се добро решение за Република Македонија, зборувајќи од практичен аспект, рече универзитетската професорка Тања Каракамишева.

Каракамишева смета дека загрижува барањето на Европската унија за широка политичка влада, бидејќи, како што таа вели, тие влади се создаваат по воена криза или граѓански конфликт.

– Она што исто така загрижува е што ваквите политички влади настануваат после војна или по услови кога треба да се заокружи некој воен конфликт, односно да се најде соодветно решение за надминување на воена криза или граѓански конфликт. Ова малку сериозно заплашува, дали Хан или можеби другите претставници имаат чувство дека работите ќе отидат во таа насока, дали можеби имаат информации дека ни се подготвува некој граѓански конфликт, па сега нудат политички решенија за да го смират тој конфликт, не знаеме, но мислам дека таквите влади во основа се влади кои не нудат политичка стабилност, смета Каракамишева.

Најчитани вести