Каракамишева: СЈО не го испочитува законот- „Телма“ дозна пред Додовски дека на неговата странка му е одредена мерка притвор

„На овие обвинители не им пречи да ги кршат и пресумцијата на невиност, објективноста во постапката, легалитетот на законитоста, сега и  информирањето на странките. Како е можно да не се почитува Законот за кривична постапка каде се вели дека за решението за притвор веднаш се информира странката, односно адвокатот на странката, а не како кај нас прво да дознае медиум, во случајов Телма што важи за блиска на СДСМ, потоа Катица Јанева, а на крај адвокатот Никола Додовски“, рече Каракамишева.

Тања Каракамишева, Сотир Костов и Александар Климовски гостуваа заедно во „Отвореното студио“ со Градимир Марковски на тема „Делумно прифатена жалбата на одбраната на Сеад Кочан“