понеделник, 1 мај 2017  |  Вести денес: 1

Каракамишева: Вештачење на потпис на гласач не постои никаде во светот

ДИК создаде правни преседани кои се невидени во ниту еден изборен циклус во државата, но се невидени и во работата на државните изборни комисии во другите европски земји.

karakamiseva2-640x287

Последни вести

Работата на Државната изборна комисија се претвора во вистинска политичка фарса која нема никаква врска со правото, вели професорката на Правниот факултет, Тања Каракамишева Јовановска во изјава за Нетпрес.

Коментирајќи го барањето на дел од членовите на Комисија за графолошки потпис на жена за кое постои сомневање дека се обидела да гласа двапати професорката вели ДИК создаде правни преседани кои се невидени во ниту еден изборен циклус во државата, но се невидени и во работата на државните изборни комисии во другите европски земји.

„Вештачење на потпис на гласач не постои никаде во светот. Ако тоа се воспостави како пракса во земјата, треба да ставиме крст на изборниот процес, бидејќи секоја партија во иднина ќе бара графолошко вештачење на потписите на илјадници, на стотици илјади гласачи што несомнено ќе го блокира и парализираизборниот процес. Вчерашната седница на ДИК беше повеќе од скандалозна. Истражителската улога што си ја припиша ДИК надвор од Изборниот законик, и надвор од изборните правила е класична незаконска активност. ДИК незаконито си додаде надлежност плус, надлежност која ја имаат единствено истражните органи, а ДИК не е таков орган. Фактите дека кај палецот на жената е најдена трага од спрејот, и дека нејзиниот лик е идентичен со фотографијата во избирачкиот список се повеќе од доволни ДИК да одлучи да го одбие поднесениот приговор“, смета професорката Каракамишева Јовановска.

Таа додава дека сепак овие факти не допираат до дел од членовите на ДИК кои се обидуваат работата да се заврши политички и по институционален пат да се промени волјата на македонските граѓани.

„СДСМ не успеа на избори да го победи ВМРО-ДПМНЕ, токму затоа сега го активира Планот Б, институционално да ги промени изборните резултати во полза на СДСМ. Секое евентуално прифаќање на приговорите на СДСМ од страна на ДИК врз основа на овие незаконски преземени дејствија ќе се смета за чин на изборна манипулација која може да значи само едно-обработување на теренот за целосно заземање на политиката од страна на добро познатите странски сценаристи и губење на Македонската држава“, вели професорката.

На работата на членовите од ДИК реагираше и поранешниот претседател на Комисијата, Александар Новаковски.

„Дали овие членови на ДИК посебно претседателот и потпретседателот имаат малку од маку свест, совест или се залутани. Јас знам дека се залутани но, не мора цела јавност да ги знае. За ова целосна одговорност сносат политчките партии, а посебно некои невладини и некои амбасади“, напиша Новаковски на својот Фејсбук профил.

novakovski

Државната изборна комисијата веќе втор ден расправа по приговорите од партии за гласањето и резултатите од предвремените парламентарни избори одржани во неделата. ВМРО ДПМНЕ реагираше јавно отворајќи сомневање дека одредени субјекти се обидуваат преку прегласувања во некои избирачки места да се одземе победат на партијата и да се промени јасно искажаната волја на граѓаните за тоа која сака да ги води во следните години и кој треба да формира Влада.

Најчитани вести