Каракамишева: Опозицијата да го преиспита своето политичко делување

Професорката Татјана Каракамишева Јовановиќ за Радио Слободна Македонија истакна дека партиите во земјава, особено опозициските ќе мора да се преиспитаат во своето политичко делување.

-Ќе мораат да се вратат на нормалната политичка траса на дејствување и да почнат да нудат програми и конкретни мерки кои ќе им бидат во  служба на граѓаните. Впрочем тоа е нивна уставна должност како регистрирани политички субјекти, но и морална и патриотска обврска преку која демонстрираат дека ги почитуваат своите граѓани и дека ја почитуваат својата земја, вели Каракамишева.

Во продолжение следува целата емисија „Поента“ на РСМ