Каракамишева: Оставките се чин на висока политичка одговорност

По синоќешните оставки на министрите за внатрешни работи и за транспорт и врси, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, како и на директорот на УБК, Сашо Мијалков, денеска Собранието ќе одржи итна седница по барање на премиерот Никола Грруевски за избор на нови министри.

Премиерот  за нов министер за внатрешни работи го предложи Митко Чавков, сегашен директор на Бирото за јавна безбедност, а за нов министер за транспорт и врски, актуелниот директор на Јавното претпријатие за патишта, Владо Мисајловски.

Пред оставките на Јанкулоска, Јанакиески и на Мијалков, власта и опозицијата имаше повеќе средби со амбасадорите на САД, на ЕУ и на Франција, Германија, Италија и Велика Британија. Странските претставници во изјавите за јавност по средбите констатираа дека е потребно некој од власта за сноси политичка одговорност за последните случувања во Куманово, но, јасен сигнал за поодговорно политико однесување и’ беше упатен и на опозицијата, од која, за нормализирање на состојбата и излез од кризата, беше побарано да се врати во Парлементот.

karakami[eva

За професорката д-р Тања Каракамишева-Јовановска, полициската акција во Куманово и вчерашните оставки на клучните луѓе во полицијата и во контраразузнавањето се чин на вистински уставен патриотизам, чин на висока политичка одговорност во моменти кога е најпотребно. Оставките и новите владини измнеи за неа се државнички, храбар и паметен чекор.

Таа за порталот „Прес 24“, вели дека со овој чин претседателот на Владата, но и неговите најблиски соработници покажаа дека за нив Уставот не е само обична правна рамка на норми,  туку тој е  е акт кој ги обврзува кон заедничка заложба за изградба на Република Македонија како функционална и демократска држава која имала и ќе има функционални институции каде политичките активности се вршат исклучиво во интерес на нацијата.

„Акцијата за одбрана на уставниот поредок, на институциите на системот и на граѓаните на земјата, како и демонстрираниот висок степен на политичка одговорност на клучните функционери во Владата на РМ, се насочени кон обезбедување политичка, правна и економска стабилност и просперитет на земјата.Овој чин едновремено е и повик за сенародно обединување против деструктивните и опасни сили кои демнат однадвор, но и одвнатре“, смета Каракамишева.

Неделковски: Никола Груевски влегува да бие нова битка

Новинарот Миленко Неделковски, за трите оставски во Владата на Груевски, на својот ФБ Профил напиша „Најтешката реформа, онаа внатрепартиска, започна.

„Повеќе пати пишував дека ќе мора да дојде до тоа. Има заморени во сите ешалони. Сега, после Кумановскиот конгрес, после 100% поддршка од партиското членство и огромната поддршка од народот денеска по улиците во цела држава, Никола Груевски влегува да бие нова битка.
Битка во која ќе ја освежи кадровски партијата. Битка во која ќе ги замени “заморените“, каде ќе понуди нови решенија… За да може да влезе ВМРО во втората декада од континуираното водење на државава.
Овој комплициран и комплексен политички маневар е за респект. Разврската за враќање на СДСМ во Парламент и политичко упокојување на Заев се потезите што во скоро време ќе ги видиме.
За оние што ликуваат по денешните оставки, да порачам: нема ништо пологично од тоа оставка да поднесат челниците на институциите кои не успеале да видат, откријат и пресретнат масовно прислушкување од странски служби и домашни платеници. Оставките ја покажуваат нивната доблест. Но во исто време го покажуваат и карактерот на Груевски кај кого не постојат заштитени и протежирани“, напиша Неделковски на својот ФБ профил.

За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски оставките се чин на самодоверба и спремност за „Пуч“, а Заев тоа не го посакува.

Заев тврди дека оставките на Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков се доказ за незаконски дејствија и за автентичноста на прислушкуваните разговори. Напротив – оставките се чин на самодоверба и спремност целиот случај “Пуч”, со сите докази, со сите прислушкувања, нарачатели и прислушкувачи, да добие правна разрешница според словото на законот.Таа правна разрешница на “Пуч” Зоран Заев нешто баш и не ја посакува. Зошто .., тој си знае!!!, напиша Милошоски.

Тој за министерот Миле Јанакиески вели : Злонамерните можат да зборат злонамерно, но добронамерните граѓани, без разлика на партиска припадност, му се благодарни  за многуте проекти кои се од интерес на сите.

Опозицијата продолжува со концептот насилно уривање на власта – Нема најави за нејзино враќање во Парламент

protest

Како што и се очекуваше, засега кај опозицијата нема абер од враќање во Парламентот, иако дипломатите досега повеќе пати тоа и’ го имаат посочено.

Тие остануваат на ставот дека премиерот самиот треба да си поднесе оставка, за тие како „ослободители“ да дојдат на власт. Без избори, со насилни протести и „палење“ на граѓаните со презентрање приватни телефонси разговори од владини функционери, за кои нема  никаква потврда дека се автентични, опозицијата не се откажува од ставот насилно да ја уриваат оваа власт, бидејќи очигледно за  друг легален начин и немаат капацитет.

За лидерот на опозицијата, Зоран Заев, оставките биле доказ за криминалот на власта. Тој на својот ФБ профил напиша „Не е време за триумфализам! Оставките на Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков не се наша крајна цел. – Ова е само чекор до крајот на Никола Груевски“.