Каракамишева за РСМ: Да нема поделби во академската заедница за работи кои се од интерес за сите

Високото образование не смее да има поделби меѓу професорите за прашања што се од суштинско значење за квалитетот на високото образование, смета професорот на Правниот факултет, Тања Каракамишева.

-Решавањето на проблемите треба да се одвива инситуционално, преку дијалог со конструктивен пристап и со директна вклученост на сите чинители во процесот, а не преку протести , преку улица и бојкот на наставата која ќе доведе до радикализирање на состојбите без никаков позитевн ефект, а на штета на имиџот на државата и студентите, вели Каракамишева.

Во емисијата “Поента” на Радио Слободна Македонија, Каракамишева вели дека измените и дополнувањата на законот за високо образование, се само појдовна основа за откочување на механизмот , квалитетот во високото образование.. Процесот и натаму ќе бара предлагање и конципирање нови решенија за натамошно подобрување на законската рамка, а со цел имплементирање на европските стандарди и критериуми кои одамна се дел од реномираните европски универзитети, смета Каракамишева.

Целата емисија погледнете ја во продолжение

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.