Каракамишева за РСМ: Демократски шок за СДСМ-белким овојпат ќе им дојде умот!

Неуспешниот референдум во општина Центар им го зададе најголемиот демократски удар по глава на СДСМ и на опозицијата. И покрај крајно проблематичниот и законски неиздржаниот референдум за прашање кое ниту било, ниту може да биде во екслузивна надлежност на општина Центар, и покрај огромниот напор и здруженост на сите опозициски и соросоидни сили во една акција насочена не толку кон изгледот на ГТЦ, колку кон очајната потреба да се покаже дека актуелната власт ја губи довербата на терен и дека опозицијата е на чекор до победата, референдумот доживеја тотално фијаско.

Ова беше истакнато во емисијата „Поента“ на Тања Каракамишева на Радио Слободна Македонија.

Најболниот момент за нив е што овојпат тие не можат да го обвинат ВМРО-ДПМНЕ за ништо. Прво, правилата на одржување референдум, со целиот свој неквалитет и недемократски капацитет, се донесени од времето кога тие беа на власт. Второ, референдумот се одржуваше во една од трите најопозициски општини во Република Македонија, рече таа во емисијата.

Трето, доаде, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш демонстрираше висок демократски капацитет и исклучителна политичка зрелост, бидејќи не направи ниту еден политички потег кој можеше да фрли сенка на организацијата и на спроведувањето на референдумот.

-Се има чувство дека од негативната аура и деструктивната енергија која години и години со ред се собира во и околу СДСМ и нејзините привезоци, од огромната хипокризија и лицемерие за наводната душебрижност за изгледот на ГТЦ, дури и космосот и галактичката карма беше против нив.
Што реално покажаа резултатите од референдумот? Прво, покажаа дека мнозинството граѓани и натаму остануваат на ставот дека ги презираат деструктивните сценарија на опозицијата. Второ, покажаа дека мнозинството граѓани и натаму, и покрај сé што опозицијата прави да го намали рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, веруваат во политиките, во програмските решенија и во конкретните, видливите ефекти од делувањето на власта.
Трето, покажаа дека СДСМ и целата опозиција мора да си ја завршат домашната задача во своите редови. Тие мора да ја престројат својата политика и дејствување на начин кој е прифатлив за интересите на граѓаните и за државата, и ќе мора да направат комплетна промена на матрицата на сопственото делување, беше посочено во емисијата „Поента“.