Каракамишева за РСМ: Техничка или преодна влада – форма за „силување“ со умисла

Какво е ова „силување“ со умисла на изборната волја на граѓаните и на мнозинството во парламентарниот состав што ни се случува пред нашите очи? Какво е ова дрско девалвирање на здравиот разум, на демократската процедура и пракса, и какво е ова извртување на сé што е нормално во ненормални форми и креации, прашува универзитетската професорка Тања Каракамишева во емисијата Поента на РСМ.

– Како тоа опозициските сонувачи си замислуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во свесна и трезвена состојба да стиснат зелено копче „ЗА“ некоја си техничка или преодна влада без нивната партија, кога пред само една година граѓаните во РМ, со огромна разлика во гласовите кажаа кој сакаат да ги води, во чии политики веруваат, кои се политичарите кои ги поддржуваат да бидат власт во оваа земја, а кои не ги поддржуваат?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.