Македонија

Каракамишева: Заев соработувал со странски тајни служби, сите граѓани се ставени во заложништво

Каракамишева: Заев соработувал со странски тајни служби, сите граѓани се ставени во заложништво

Со соработката на Заев со странски тајни служби, сите граѓани за жал буквално се ставени во заложништво. Ова го посочи универзитетската професорка Тања Каракамишева при гостувањето во емисијата „Акцент“ на МТВ.

– Да не ги заборавиме и неприфаќањата  на мандатите и сите оние неприфаќања на изборни резултати без притоа да стават некаков приговор на изборните резултати, каде имало нерегуларности, каде немало. Со отфрлањето на резултатите, тие им удрија шамар и на своите избирачи, тие кои гласале за нив, вели Каракамишева.

Таа додава дека од друга страна ги ставаат во улога на заложници и оние граѓани кои дури и не излегле на гласање.

– Ставени се буквално сите граѓани во заложништво, затоа што овие работи кои и се случуваат на Македонија дефинитивно ќе ни го нарушат и нас достоинството, имиџот на државата и во крајна линија ќе ја дестабилизираат политички, затоа што наместо да се занимава сега владата со привлекување на странски инвестиции, ние ќе се занимаваме со вакви сценарија, рече универзитетската професорка.