Каракамишева: Зоран Заев треба да одговара за велепредавство

Судот врз основа на докази, врз основа на изјави нa сведоци  да си ја концепира својата преусда. Ако кривичната пријава го опфаќа основаното сомнение дека сторителот  односно осомничениот сторил казниво дело „насилство спрема највисоки државни претставници“, нормално е дека во тој контекст треба да се поврзе со велепредавството. Ова е став на универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска, искажан во вечерашното гостување во емисијата „Акцент“ на МТВ.

Според Каракамишева, не може да се зборува за насилство спрема највисоки државни претставници,  а да не се поврзе со казнивото тело соборување на највисоките државни органи.

-Како што кажав, претставниците се составен елемент од тие државни органи и ако има насилство врз нив, нормално дека ќе има врска со велепредавството. Без разлика податоците што ќе бидат употребени дали се од странска разузунавачка служба, или од домашен извор, велепредавството стои, односно сериозната закана е тука, смета Каракамишева.

Професорката заклучува дека велепредавство е тој што со употреба на сила или закана сака да го смени уставниот поредок или да ги собори највисоките државни органи, истиот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.