Каракас: Повторно судири меѓу демонстрантите и полицијата

Во престолнината на Венецуела, Каракас, повторно се случија судири во текот на протестите на опозицијата против властите, при што демонстрантите фрлале камења и молотови коктели врз полицијата, а тие одговориле со солзавец, обајвија локалните медиуми.

Најмалку три лица се уапсени во текот на судирите во Каракас, одржани пред денешното одбележување на еден месец од почетокот на антивладините протести во Венецуела.

Според официјалните податоци, најмалку 18 лица загинаа, а повеќе од 260 се повредени во ескалација на протестите кои започнаа на четврти февруари.

Венецуелската опозиција вчера повика на нови демонстрации против претседателот Николас Мадуро во неделата во која се одбележува првата годишнина од смртта на поранешниот лидер Хуго Чавез.

Мадуро изјавил дека демонстрациите претставуваат заговор на фашистичките елементи со поддршка на САД, чија цел е негово симнување од власт.