четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 29

Каракостас: Во Скопје се случи екстремно силна бура

Професорот смета дека ваква непогода не може да се предвиди бидејќи на неа делувале повеќе фактори, а се работи и за редок феномен.

cresevo-poplava

Поврзани вести

Многу ретка и екстремно силна- вака угледниот грчки професор по метеорологија Теодор Каракостас ја опишува саботната бура која потопи делови на Скопје. За него нема дилема- овој настан е феномен за метеоролозите.

– 6ти август ќе биде запаметен како ден во метеорологијата. Се случи една екстремно силна бура, вели тој за Сител.

Според Каракостас дождовите со ваков интензитет се исклучително ретка појава. Особено проблематично е тоа што огромното количество вода наврмнало за само неколку часа. Се работи за едноќелиска бура односно за бура концентрирана на ограничен простор.

– Се работи за огромна количина вода која паднала за многу краток временски период од само 5 часа. Тоа ние го нарекуваме ненадеен налет на бура.

Професорот смета дека ваква непогода не може да се предвиди бидејќи на неа делувале повеќе фактори, а се работи и за редок феномен.

– Дури и ако моделот ви даде информација за вакво невреме, еден искусен метеоролог ќе земе предвид дека тоа ретко се случува. УХМР постапи соодветно.

Теодор Каракостас е директор на одделот за метеорологија на Универзитетот Аристотел во Солун. Своето образование го оформил во САД каде специјализирал по прашањето на бури и турбулентни временски услови.

Најчитани вести