ВИДЕО: Караоке со Ангелите на Викторија Сикрет

Караоке со Ангелите на Викторија Сикрет. На манекенките дефинитивно никогаш не им е здодевно. За тоа сведочи и ова видео во кое девојките ни докажаа дека навистина знаат да се забавуваат, па и кога работат.

За време на паузата пред годишната ревија, Ангелите на Викторија Сикрет слободното време го искористија за да ја поправат атмосферата зад сцената, па за да го кренат енергетското ниво, тие пееја караоке.

За оваа прилика тие ја избраа песната што моментално е во топ 10 листите во светот „ Can’t Feel My Face “ на популарните „The Weekend“.

Погледнете како изгледа кога Ангелите пејат караоке.