Карате тренер обљубил 13-годишна ученичка

Карате тренерот Б.З. (57) од еден клуб во Белград уапсен е поради сомневање дека пред неколку дена ја обљубил неговата ученичка Р. А. (13), јавува српски „Курир“.

На сослушувањето во полицијата каратистот тврдел дека не е виновен и дека девојчето се самоволно прифатила.

Девојчето, што веќе подолго време редовно оди во белградски карате клуб, била мета на нејзиниот тренер кому најмногу му верувала. Таа минатата недела и’ се пожалила на мајка и’ дека токму тој ја допирал по градите и по интимните делови на телото. Веднаш по ова сознание, уплашената мајка го пријавила случајот во полиција, но и го однела детето кај лекар. За среќа кај детето не се констатирани повреди, вели соговорникот на српскиот весник.

Полицијата веднаш по пријавата го уапсила тренедрот, кој во прв момент делувал изненадено, а на крајот признал дека ја допирал ученичката, но дека „тоа не го правел само по негова волја, туку дека и таа прифатила“.

Тој добил кривична пријава за обљуба на дете родено во 2002-та година.